Приведени 13 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, седум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, а еден освен без дозвола возел и под дејство на алкохол. Со брзина поголема од дозволената возел и еден странски државјанин. Тој е лишен на ГП Табановце бидејќи преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека управувал возило со брзина од 164 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.
Пет лица возеле под дејство на алкохол, од кои еден од нив учествувал во сообраќајна несреќа и се здобил со тешки телесни повреди. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Во сила стапи договорот за трговија со услуги и инвестиции меѓу ОАЕ и Русија
-

Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40 минути на Табановце
-

ЦУК: 31 пожар на отворен простор во изминатото деноноќие, осум активни
-

Сончево и многу топло време, попладне услови за пороен дожд и невреме
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
