Македонија
23. August 2026 - 13:25

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл

На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Н.Ј.(30) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на 20.08.2026 околу 00:15 часот допирал по телото 18-годишна девојка од Куманово додека се движела на улица „Никола Карев“ во Куманово, по што побегнал со мотоцикл.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.