Македонија
25. July 2026 - 13:49

При претрес на возило пронајдена дрога, приведени три лица

МВР соопшти дека на 23.07.2026 во 22:30 часот во село Муртино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ф.Р.(29), Е.И.(31) и С.Ш.(24), сите од село Банско, струмичко, зашто при преглед на патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати, се пронајдени кокаин и марихуана.

Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и на 24.07.2026 врз основа на судска наредба е извршен претрес во домот на Е.И. во село Банско, при што била пронајднеа мариахуана.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

МИА