-->
-->
Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ги објави парламентарните избори за 28 ноември
-->

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, денес ги објави парламентарните избори за 28 ноември, објавија палестинските медиуми.
Абас издаде претседателски декрет со кој ги повикува палестинскиот народ во Источен Ерусалим, Западниот Брег и Појасот Газа да учествуваат на слободни и директни парламентарни избори за членови на Палестинскиот законодавен совет, објави Вафа.
Според соопштението за медиумите, целта на овој декрет е „да се зајакнат темелите на демократијата и да се заврши изборниот процес започнат во Државата Палестина“, објавува палестинската агенција.
Датумот на претседателските избори, планирани за првиот квартал од следната година, ќе биде одреден во согласност со законот, наведено е Вафа.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ребалансот е насочен кон инвестиции и развој, смета власта, додека опозицијата со спротивен став
-

Јавна дебата за продолжувањето на А-интегрираната дозвола за Титан Усје
-

Рокас: Реформите напредуваат
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
