Македонија
23. јуни 2026 - 12:07

Претрес во Росоман, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

Полициски службеници уапсиле едно лице од Росоман откако при претрес во неговиот дом пронајдени се марихуана и бела прашкаста материја.

-Вчера во 18:20 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Р.Ш.(18) од Росоман. Со наредба од Основен суд Кавадарци бил извршен претрес во неговиот дом и помошни простории, при што биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја - соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека лицето е приведено во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.