Македонија
26. July 2026 - 8:39

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности за изградба на клучката „Момин Поток“ во Скопје.

Како што најавува владината прес-служба, посетата е закажана за 12:00 часот, а предвидено е премиерот Мицкоски по увидот да даде изјава за медиумите.

Клучката „Момин Поток“ е еден од позначајните инфраструктурни проекти во главниот град, чија цел е подобрување на сообраќајната поврзаност и намалување на сообраќајниот метеж во овој дел од Скопје. 

 

МИА