Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство

Филмот „’Рѓа“ (Rust) ќе биде премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Енерга-камеримиџ“ (EnergaCamerimage) во Полска следниот месец – три години откако кинематографката Халина Хачинс беше убиена за време на снимањето. Светската премиера ќе се случи на 23 ноември, проследена со панел-дискусија со режисерот на филмот Џоел Соуза, кој исто така е повреден на снимањето, како и кинематографите Бјанка Клајн и Стивен Лајтхил.
„Снимателите ќе разговараат за настаните околу филмот, нудејќи увид во продолжувањето на продукцијата по смртта на Халина. Одржувањето на уметничката визија на Хачинс беше навистина важно за филмаџиите бидејќи се надеваа дека ќе ја исполнат својата должност да ја завршат нејзината работа“, се вели во најавата.
Хачинс (42) беше убиена со пиштол што го користел глумецот и продуцент Алек Болдвин. Во оружјето, наместо лажни куршуми имало вистински куршум. И Болдвин беше обвинет за убиство од небрежност, но Судот го ослободи од обвиненијата.
Хана Гутјерез Рид, која беше задолжена за огненото оружје на снимањето на филмот, беше осудена за убиство од небрежност во март. Таа издржува казна од 18 месеци.
„’Рѓа“ раскажува за 13-годишно момче, оставено да се грижи за себе и својот помал брат по смртта на нивните родители во Вајоминг (САД) во 1880-тите. Детето се впушта во бегство со својот отуѓен дедо откако овој е осуден на бесење за случајно убиство – според описот на филмот.
Алек Болдвин нема да присуствува на првото прикажување, објави „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter).
Вдовецот на Хачинс првично поднесе тужба против Болдвин и другите вклучени во продукцијата на филмот. Сѐ тoa се заврши со спогодба склучена лани, при што не се објавени подробности.
Ново на Сител
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
-

Трамп: Иранските напади со дронови врз бродови во Ормуз е кршење на прекинот на огнот
-

Притворен македонскиот државјанин за убиството на 45-годишната жена на Крит
-

Еден час пауза во Собранието - заврши општиот претрес на измените на Законот за основно образование
