Прекугранична велосипедска тура околу Охридското Езеро по повод Денот на Европа

Велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска по повод Денот на Европа, а воедно ќе се промовира одржлива мобилност, еколошка свест, здрав начин на живот и граѓанско учество, соопшпти Делегацијата на ЕУ во земјава.
Оваа прекугранична велосипедска тура е заедничка активност на делегациите на Европската Унија во Северна Македонија и во Албанија и се спроведува во партнерство со Европска куќа во Струга и Европска куќа во Тирана.
-Патеката околу Охридското Езеро ги поврзува заедниците преку границите околу една од најважните природни и културни знаменитости во регионот. Велосипедската тура ја истакнува важноста на регионалната соработка и врските меѓу луѓето во градењето позелена и пообединета иднина. Таа симболизира заедничко славење на европските вредности, соработка и одржливост, наведуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
По повод настанот, свое обраќање ќе има заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Паркот на поезијата во Струга во 17 часот.
Програмата за Денот на Европа во 2026 година, претставена под слоганот „Наша Европа. Посилни Заедно “, се организира од Делегацијата на Европската Унија, мрежата на Европска куќа и амбасадите на земјите-членки на ЕУ.
МИА
Ново на Сител
-

Орбан реизбран за лидер на партијата Фидес
-

Едно лице е приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Багеи: Договорот со САД нема да биде потпишан утре
-

Штипските доброволци пожарникари ќе добијат заштитна опрема од Америка
-

Средба Мицкоски - Ердоган: Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима за нови турски инвестиции и работни места
-

Дејвис куп: Македонските тенисери се вратија во Втората светска група, совладана Црна Гора
-

На југот на Холандија 200.000 жители предупредени да ја зовриваат водата поради ешерихија коли
-

Модриќ става крај на кариерата по СП 2026
