Преглед на вестите од светот
Во јужниот дел на Исланд е прогласена вонредна состојба по уште една вулканска ерупција на полуостровот Рејкјанес - четврта од декември. Лавата стигна до источните одбранбени ѕидови околу малиот, евакуиран град Гриндавик, објавија ја локалните медиуми. Во близина на Гриндавик има и туристичка атракција, геотермалната бања „Плава лагуна“, каде што, исто така, беше евакуиран хотелот. . Исланд влегува во вулканска фаза која би можеле да трае со децении предупредуваат научниците.
Претседателот на Србија испрати порака до меѓународната заедница – повеќе нема свршен чин за Белград во преговорите со Приштина. Вучик најави промени во доктрината и пристапот за продолжување на дијалогот за нормализција на односите со Косово. Во вторник во Брисел ќе се одржи нова рунда од дијалогот Белград-Приштина. Шефовите на преговарачките делегации на Србија и Косово ќе ја продолжат дискусијата почната пред неколку недели во врска со одлуката на косовската Централна банка во однос на динарот, а ќе разговараат и за други прашања поврзани со дијалогот, соопшти ЕК.
Над 50 демонстранти се уапсени пред избирачки места во неколку руски градови за време на протестот наречен Пладне против Путин на последниот, трет ден од од гласањето за претседател на Русија Полицијата не ги соопшти причините за апсењата. Акутлениот претсдеател Путин важи за апсолутен фаворит на изборите и се очекува непречено да го добие новиот мандат во Кремљ. Повикот за протести против Путин го испрати Јулија сопругата на опозициксиот лидер Алексеј Навални, кој ненајдејно почина минатиот месец во арктички затвор. Таа ги повика Русите да гласаат против Путин или да ги уништат нивните гласачки ливчиња. Вдовицата на Алексеј Навални присуствуваше на протестот пред руската амбасада во Берлин.
Покрај 71 годишниот Путин кој бара петти мандат на функцијата, за шеф на Кремњ се борат и – Леонид Слуцки, Николај Харитонов, Владислав Даванков .Централната изборна комисија прелиминарните резултати ќе ги соопшти утре, на 18-ти март
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
