Loading Video...
Свет
13. March 2024 - 16:28

Преглед на вестите од светот

Израел го користи гладувањето на населението во Газа  како оружје  за војната против Хамас  обвини шефот на европската дипломатија  на седницата на  Советот за безбедност на ОН. Борел го критикуваше Тел Авив за блокирање на копнените патишта кои  како што рече се најдобриот начин за испорака на храна за над 500 илајди Палестинци кои се соочуваат со глад во енклавата. Шест камиони со храна на Светската програма за  храна на ОН синока влегоа во Газа, по деталната проверка на израелскиот  граничен премин Керем Шалом.  Количеството хуманитрана помош што влегува во Газа во моментов е далеку под нивото од пред војната  предупредија ОН, и го повикаа Изарел да дозволи поголем проток на помош за да се задоволат некои од најсовните потребни на населението.

Русија е  подготвена е  да употреби нуклеарно оружје доколку постои закана за руската државност, суверенитет или независност, изјави шефот на Кремљ.  Во интервју за руските државни  медиуми, Путин  се пофали дека го имаат најмодерниот нуклеарен арсенал

Само Американците и ние навистина имаме тријади. И тука сме многу понапредни. Целата наша нуклеарна компонента е помодерна. „Соединетите Држави ги развиваат своите компоненти. И ние. Ова, според мене, не значи дека тие сакаат да започнат нуклеарна војна, но ако сакаат, ние сме подготвени истакна Путин.

Путин посочи и дека испраќањето војници на НАТО во Украина нема да промени ништо „на бојното поле.  Тврди дека руските сили напредуваат во Украина.  Украинската армија пак информираше  дека втор ден извршува масовни наапади со дронови врз неколку рускиот региони а целта е енергетсклата инфраструкутруа.

Со средба со косовската претседателка Вјоса Османи, Заменик –помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар   ја почна  триднена посета на Приштина.  Ескобар дојде на Косово по повторното заострување на односите меѓу Приштина и Белград, по одлуката на Централната банка на Косово да ја укине употребата на српскиот динар со тоа што еврото стана единствено платежно средство. На средбата со Османи,  Ескобар повтори дека САД не се против законитоста на таа одлука, но дека имаат проблеми со начинот на кој таа се спроведува и ефектот што го има врз српската заедница.  Османи пак истакна дека  во соработка со созјуцните, ќе се реши прашањето за динарот.   Ескобар ќе има средба и со премиерот Албин Курти, со опзоицијата и претставници на српската заедница во Косово.