Loading Video...
Свет
7. March 2024 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Во Германија штрајкуваат машиновозачите, работниците на обезбедување на аеродромите и аеродромскиот персонал на авиокомпанијата Луфтханза. Бараат повисоки плати и подобри услови за работа.

-Целосно сочувствуваме со патниците. Тие беа силно погодени. Да, сега неколку пати. Цело време сакавме решение на преговарачка маса. На крајот на краиштата, веќе имавме четири рунди преговори, изјави  Марвин Решински, преговарач од синдикатот Верди со Луфтханза.

И на синдикатот на машиновазичите  тешко им  оди со преговорите со железничкиот оператор Дојче Бан. Синдикатот инсистира работната недела да се сведе од 38 на 35 часа со целосен надоместок на плата.  За разлика од порано, синдикатот на машиновозачите веќе не сака да ги најавува  штрајковите 48 часа однапред.  

Водечката политичка група во Европската Унија, Европската народна партија , денеска ја поддржа претседателката на Европската Комисија  Урсула фон дер Лајен за втор мандат на позицијата.  Претставници на ЕПП, на конгресот во Букурешт, гласаа со 400 гласа „за“ и 89 „против“ за Урсула Фон дер Лајен да остане уште пет години на чело на ЕК, на една од највисоките функции во ЕУ. Инаку, Претседател на Европската комисија се избира за петгодишен мандат од Европскиот парламент по предлог на Европскиот совет. 

Шведска денеска и официјална  ќе стана 32-та членка на НАТО објави  американскиот Стејт Департмент   Сино – жолтото знаме во понеделник напладне  трееба да подигнато пред седештето на НАТО во Брисел. Со приемот на Шведска, по Финска мината година, сите земји со излез на Балтичкото Море, со исклучок на Русија, сега се членки на НАТО пактот.