Loading Video...
Свет
21. January 2024 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Голем пожар избувна денеска на терминалот на најголемиот руски производител на течен гас Новатек во Балтичкото Море, во кој нема жртви, соопшти гувернерот на Ленинградската област. Тој не кажа што го предизвикало пожарот во пристаништето Уст-Луга, во Финскиот залив, на околу 170 километри западно од Санкт Петербург и 35 километри од руската граница со Естонија. Во исто време, Ројтерс јавува дека на социјалните мрежи кружат информации за дронови видени во близина непосредно пред пожарот. Се цитираат неофицијални извори кои тврдат дека украински дронови прелетале над 1000 километри и ја погодиле целта длабоко на руска територија. Руската војска утрово гранатирала области во Харков додека Украинците напаѓале во Доњецк кој што е под контрола на Русите.

 

Две држави е решение за конфликтот на Блискиот исток. Генералниот секретар на Обединетите нации повторно го повика Израел на прекин на огнот за да се спречи конфликтот да се разлее во целиот регион Израелскиот Премиер Нетанјаху веќе го отфрли овој предлог коментирајќи дека нема да прави компромиси и дека Израел мора да ја контролира целата територија западно од реката Јордан. Во меѓувреме Израел продолжува да напаѓа цели на Хамас а вчера беше ракетирана и цел на Иранската Исламска револуционерна гарда во Сирија при што според последните неофицијални информации загинале 5 високи припадници на иранските безбедносни сили.

 

Студениот бран кој ги зафати соединетите американски држави ќе продолжи и во текот на наредната недела, јавувааt локалните метео служби. Најавите се дека двоцифрени минуси ќе регистрираат термометрите во две третини од земјата. Температурите некаде ќе се спуштат и до минус 30 степени. Со студен бран со соочува и поголемиот дел од територијата на Канада. Врнежи од снег и температури меѓу 10 и 15 степени под нулата се регистрираат и во повеќе градови низ Европа и на Балканот. На другата страна на земјината топка, во Австралија горештини. Во регионот Пилбара кој се наоѓа на околу 500 километри североисточно од Перт регистрирани се температури од над 45 степени. Локалните власти веќе издадоа предупредување за зголемена опасност од пожари.