Loading Video...
Спорт плус
8. August 2021 - 13:03
Преглед на на последиот ден на ЛОИ - Две злата за Американките по едно за Французинките и Србите
На последниот 17-ти ден на 32-те Летни Олимписки Игри во Токио беа поделени четири сета медали во колективните спортови, од нив две злата освоија Американките, а по едно Французинките и Србите
Шесто олимописко злато во низа за кошаркарките на САД
На женскиот кошаркарски турнир се одигра мечот за златниот медал. Речиси веќе стана пракса и пред игрите тој да биде резервиран за Американките. Па. Како и што се очекуваше тие во финалето ја декласираа донашната селекција на Јапонија со 90-75 Така кошаркарките на САД по шести пат во низа, а вкупно 9-ти во историјата, го освоија златниот олимписки медал.
За женската јапонска кошарка ова е прв медал од олимпијадите.
Потсетување дека со бронзата се закитија Французинките кои во „малото финале“ беа подобри од Србинките.
Историско прво злато за американските одбојкарки
Прв пат во својата историји женска одбојкарска репрезентација на САД е олимписки шампион. Американките ја потврдија доминацијата на олимпискиот турнир и во финалето ја победија селекцијата на Бразил со 3-1 во сетови (25:21, 25:20, 25:14).
Репрезентацијата на Србија по среброто во Рио ја освои бронзата во Токио, откако Србинките со максимални 3-0 ја победија Јужна Кореја.
Французинките им се реваншираа на Русинките и го освоија златото во Токио
Во реприза на женското финалето од олимијадата во Рио, и во Токио за златниот медал се бореа ракометарките на Франција им се реваншираа на Русинките.
Французинките славеа победа во финалето со 30:25 па среброто од Рио го претворија во злато во Токио, како и нивните колеги од машката селекција, со тоа што за дамите ова е прво олимписко злато.
Бронза и припадна на Норвешка која во скандинавското дерби беше подобра од Шведска со убедливо со 36-19.
Ватерполистите на Србија повторно до олимпиското злато
Ватерполистите на Србија повторно го освоија олимпиското злато. Откако во Рио беа најдобри, тие во финалето на игрите во Токио се искачија на највисокото место на педесталот, совладувајки ја Грција со --- во финалниот меч и обезбедувајќи го вкупно четврти недал од олимпијадите.
Бронзата им припадна на Унгарците кои со
9-5 ја победија Шпанија, па така Унгарија која е најтрофејна нација во ватерполото на ОИ стигна до својот вкупно 17-ти медали на игрите
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
