Предизборни подготовки во власта и опозицијата
Власта ја крои коалицијата, опозицијата предизборната програма. Интензивни подоготовки во двата најголеми табори во пресрет на изборите кои извесно е дека ќе се одржат на 8 ми мај.
Опозицискиот лидер вели дека е извесно дека неговата партија ќе формира Влада идната пролет. Власта ја обвини дека им ја убила надежта на граѓаните.
И ако опозицијата има веќе познат коалициски состав, во редовите на власта официјално се уште не се знае ништо. ДУИ и СДСМ извесно е дека ќе одат на заедничка листа но не се знае дали ќе им се придружи и Таравари кој има разнишани позиции откако неговата партија доживеа катастрофа на изборите за советот во Тетово. Коалицијата на СДСМ и ДУИ ќе треба да профилира и заеднички претседателски кандидат за кој се шпекулираше дека би можел да биде актуелниот министер за внатрешни работи. Тој пак, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се уште не размислува на таа тема.
За идната недела се најавува средба во Собранието која треба да резултира со конечен договор за избори и измени во Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ. Партијата на Павле Трајанов денеска јавно ја повика Државната изборна комисија навреме да го пречисти избирачкиот список од фиктивни гласачи во согласност со резултатите од последниот попис.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
