Македонија
12. February 2024 - 16:33

Правната фела против предложениот закон за рестриктивни мерки

Правната фела се крена против Законот за рестриктивни мерки. Здружението за кривично право и криминологија испрати конкретни препораки до Министерството за правда и Влада, но ниту еден правник не застанува зад веќе предложеното законско решние.

- Правните акти донесени од страна на странски држави не може директно да се применуваат, Владата нема надлежност да постапува, Владата не е надлежна да донесува мерки на забрана, финансиски мерки против домашни физички и правни лица. Ова е надлежности на судот и предложените измени  се генератор за активирање на уставните механизами за заштита. сеопфатен приод е неопходен за да се одбегнат можни негативни импликации коишто би се состоеле во покренување постапки за оцена на уставноста на законските решенија, апликации до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, поради повреда на гаранциите на правично судење, стои во препораките на правната фела.

Според академик Камбовски нејасно е како ќе се применуваат правните акти и на други држави како Канада, Австралија, Чешка, Естонија, Литванија, кои исто така би се однесувале на македонски државјани.

Иако биле поканети на јавната расправа на Здружението составено од врвни правници не присуствувале претставници  на МНР кое е подносител на законот, ниту од кабинетот на вицепремиерката Грковска, ниту од министерството за правда.