Пратенички прашања за криминалот и корупцијата во власта
Управата за финансиско разузнавање, УЈП и Финансиската полиција да ги проверат транскациите со кои Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети станал дел од сопствениците на трговскиот центар Соравија, побара денеска премиерот Ковачевски одговарајќи на опозициското прашање за овој случај.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки го праша премиерот и дали ќе побара оставки од коалицискиот парнер Ахмети и од обвинителот за организиран криминал Абази кој се фотографирал со таткото на Дрин.
Опозицијата во собраниската сала влезе подоцна како знак на револт дека седницата почнаа со одговори на 56 писмени прашања, од кои 41 беа исти и поставени од пратеничката Даути од Алијанса на Албанците. За ВМРО-ДПМНЕ на овој начин власта ја блокирала седницата за да ги одбегне вистинските прашања.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
