ПРАКТИЧНА ЖЕНА
И ова лето дружете се со емисијата која ќе продолжи да ги советува гледачите како да си го поедностават животот, а ќе нуди и брзи решенија за многу проблеми во домот, но и за убавината и здравјето.
Уникатните совети и вкусни рецепти се од големо значење не само за припадничките на понежниот пол, туку и за мажите и за најмладите. Заедно ќе подготвуваме лесни и освежителни слатки задоволства, но и омилена традиционална храна со која ќе си го пополниме целото дневно мени.
Со најновите изданија на шоуто, дознаваме како на креативен начин може да приготвиме ручек, но истовремено да си играме и со дечињата. Или па како со минимум време и трошок да вежбаме, а да изгледаме сепак витално и убаво. Затоа, бидете практични, бидете здрави и бидете и ова лето во тренд со „Практична жена“.
Ново на Сител
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
