Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета

Американската глумица Блејк Лајвли е обвинета од фирма за управување со кризи, во врска со судирот меѓу неа и нејзиниот круг истомисленици, од една страна, и од друга – режисерот Џастин Балдони и неговиот круг истомисленици. Спротивставените страни се поврзани со филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends with Us), каде што Лајвли и Балдони глумеа заедно.
Џед Валас од фирмата „Стрит рилејшнс“ (Street Relations), во жалбата поднесена до Федералниот суд на Тексас во вторникот, ја обвинува Лајвли за клевета затоа што го вмешала во своите судски спорови со Балдони.
Валас бара отштета од најмалку 7 милиони долари и официјално признавање дека не е вмешан во акт на вознемирување или одмазда против актерката.
Printscreen / Youtube / Sony Pictures Entertainment
Лајвли истиот ден претходно побара сменување на Валас. Според познавачи, тоа може да било и подготвителен потег, пред глумицата да го додаде како обвинет во нејзината тековна тужба против Балдони и неговата компанија „Вејферер“ (Wayfarer).
Во поднесокот на Лајвли се тврди дека Валас „создал дигитална армија којашто ќе промовира содржина што се чини автентична, на платформите, социјалните медиуми и форумите за разговор“ на интернет. Целта, според глумицата, било тој потфат „да влијае на јавното мислење“ со што би се предизвикало нејзино оцрнување.
Тужбата на Валас од 10 страници тврди и дека Лајвли со своите обвиненија за вознемирување, сексуално вознемирување и одмазда, поттикнува расправија без докази.
Лајвли, се тврди, „даде лажни изјави за печатот преку приватен административен поднесок, тврдејќи дека г-н Валас и „Стрит рилејшнс“ сексуално ја вознемирувале, ѝ се одмаздувале, помагале и поттикнувале други да го прават истото, прекршиле договор со неа и се вклучиле во друго несоодветно однесување“. Валас, од своја страна, вели дека никогаш не се сретнал, ниту разговарал со Лајвли.
Ново на Сител
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
-

Мицкоски: Фетаи ќе се врати во Брисел, реконструкцијата ќе биде на крајот на мај или јуни, можни се ротации на ресорите
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
