Познат рокер повика на бојкот на Евровизија

Поранешниот член на рок-групата Пинк Флојд, Роџер Вотерс упати повик до сите учесници на овогодишната Песна на Евровизија во Тел Авив, Израел, да ја бојкотираат.
Рок-ѕвездата, пејач, гитарист, басист, текстописец и композитор, а сега и претставник на движењето за бојкот и санкции против Израел, повика натпреварувачите „да застанат рамо до рамо со Палестинците”.
– Да покажеме солидарност со 189-те невооружени демонстранти кои минатата година беа убиени од израелски снајперисти, меѓу кои и 35 деца, наведува Вотерс, повикувајќи се на податоците од независната Комисија за истрага на Обединетите Нации околу протестите во Појасот Газа, објавени во февруари.
Според тој извештај, 154 од убиените биле невооружени. Израелските власти, односно премиерот Бенјамин Нетанјаху ги отфрлаат ваквите тврдења.
Пејачот-гитарист во јануари, заедно со уште петмина други британски ѕвезди, го повикаа и Би-би-Си да не го пренесува Евросонгот во Тел Авив закажан за во мај.
Ново на Сител
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
-

ЦУК: Активен пожарот во Општина Арачиново, каде гори ѓубре и ниска вегетација, девет изгаснати
-

СП 2026: За два натпревара – 30.000 евра
-

Од понеделник променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд
-

Иран повторно ја затвори Ормуската Теснина
-

Еден пожарникар повреден при гаснење пожар во Визбегово
-

Уапсен 19-годишникот кој вчера прегази тригодишно девојче во Визбегово и избега
-

Граната од Првата светска војна пронајдена во Новаци
