Познат идентитетот на загинатиот на патот Охрид-Кичево: Животот го загуби младиот кошаркарски тренер Антонио Савески
Младиот кошаркарски тренер Антонио Савески од Охрид е возачот кој го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево. Савески имал само 33 години и бил добро познат во македонската кошарка, особено по работата со младинските категории.
Несреќата била пријавена во СВР Охрид во 23:30 часот. Според информациите од полицијата, патнички автомобил „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки најпрво удрил во кучиња скитници, а потоа и во металните браници покрај патот. По ударите возилото се запалило.
На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, која го изгаснала пожарот. Во опожарениот автомобил било пронајдено телото на починатиот возач.
По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Судска медицина за обдукција и утврдување на идентитетот. Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Охрид, а додека траел увидот сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.
Савески последниот тренерски ангажман го имаше во КК Ангели, а во својата кариера работел и во Вардар, Водно Санс и Охрид. Тој важеше за еден од препознатливите млади тренери кои работеа со младински категории.
Ново на Сител
-

Унгарија е против забрзано пристапување на која било земја во ЕУ
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
