-->
-->
Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-->

Во хаосот и огнената стихија на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, пожарникарите успеале да спасат едно мало теле кое останало заробено на опожарениот терен.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати апел до сите граѓани за максимална одговорност и внимателност со цел спречување на настанување на нови пожари.
Од ЦУК предупредуваат дека сите пожари, без оглед на причината за нивното појавување, предизвикуваат сериозни штети и последици.
„Апелираме на максимална одговорност и внимателност. Пожарите, без разлика дали се подметнати или избувнуваат поради невнимание, оставаат последици врз сите живи суштества. Да ја чуваме природата, да ги заштитиме луѓето, имотот и животните“, порачуваат од Центарот за управување со кризи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за избори, државната каса е празна
-

Македонските превозници најавија протест пред делегацијата на ЕУ на 31 август
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со аналитичарот Милан Стефаноски
-

Македонија гори и денеска - на Бигла гори борова шума
-

Македонија има најмногу заболени од западнонилска треска на милион жители во Европа
-

Септемвриските пензии ќе се зголемат за 3%
-

Реакции по изјавата на Jотова: „Немаме што да делиме со Македонија затоа што историјата ни е заедничка”
