Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение

Екипи на ЈП „Чистота и Зеленило“ денеска интервенираа со механизација за гаснење на пожарот на депонијата „Краста“, лоцирана на патот Куманово–Пчиња. Според директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, пожарот бил пријавен во текот на ноќта, а благодарение на брзата реакција на екипите, во моментов е ставен под контрола.
Во гаснењето учествувале цистерни со капацитет од 10 и 12 тони, а пожарот бил евидентиран околу два часот по полноќ. Томиќ посочи дека депонијата „Краста“ претставува долгогодишен проблем за општината.
-Проблемот со депонијата Краста не е од вчера, туку повеќе од една деценија. Месечно депонираме околу 2.000 до 2.200 тони отпад. Оваа депонија практично не ги исполнува стандардите и претставува обично заградено ѓубриште- додаде Томиќ.
Изминатиов период имаше пожари на депонијата. Претставникот на секторот за животна средина, Александра Протиќ на последната седница на Советот информираше дека нема надминување на граничните вредности на штетни честички во воздухот.
-До Општината нема пристигнато известување за надминување на граничните вредности на ПМ10 и ПМ2,5 честичките. Доколку има такво надминување, законски сме обврзани да ја информираме јавноста со соодветни препораки- изјави Протиќ.
Таа нагласи дека општината е вклучена во процесот на регионално управување со отпад, кој предвидува изградба на современа санитарна депонија, што би претставувало трајно решение за проблемот.
Надлежните се согласни дека до реализацијата на овој систем, клучно е да се обезбеди соодветна механизација за редовно затрупување на отпадот и спречување на пожари на депонијата Краста.
За утре е најавена средба меѓу жителите од Пчиња и претставници на комуналното претпријатие, на која ќе се разговара за понатамошни чекори за решавање на проблемот.
МИА
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
