Македонија
27. August 2023 - 16:45

Повторно се разгоре пожарот кај Ајватовци- Се интервенира од копно и воздух

Како палење на стрниште може да доведе до голем пожар и сериозна закана по животите на голем број жители во општина Илинден. Инспектори на МВР треба да ги најдат граѓаните поради чија несовеснот два дена гори огромна површина на шума над Ајватовци. 

- Очевидци ги виделе вчера како палат, не викам намерно меѓутоа тоа е голема опасност и казните за тоа се големи, вели Стојанче Анѓелов директор ЦУК.

По тешката и долга ноќ која остави многу жители од околните места без сон, во еден миг пожарот беше под контрола. Утринава повторно се разгоре и многу малку време му треба на огнот да зафати голема површина и да се шири.

Но и прецизноста на хеликоптерите и огромната количина на вода што ја истураат не значи и целосно гаснење

Од ЦУК велат најважна е безбедноста на жителите во населените места и прават се да не дојде до куќите. Локално население, доброволци од Свети Николе се во првите борбени редови.

Ноќта што помина соголи многу ридови, чадот е насекаде. На терен се двата полициски хеликоптери, ер тракторот, пожарникари кои прават се жителите на населените места во Илинден да имаат мирна ноќ.