Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“

Шпанскиот фудбалски првак Барселона објави денеска дека враќањето на стадионот „Камп Ноу“ нема да се случи на почетокот на август како што беше претходно најавено.
Ова е ново одложување на враќањето на Барселона во својот дом, бидејќи по реновирањето, сè уште не се исполнети сите услови за враќање на играчите на „Камп Ноу“.
Барселона официјално не објави нов датум за враќање на својот легендарен стадион, но тоа би можело да се случи во четвртото коло од новата сезона во шпанската Ла Лига кога каталонскиот клуб е домаќин на Валенсија на 13 или 14 октомври.
Во првите три кола од новата сезона Барселона ќе игра на гостински терен против Мајорка, Леванте и Рајо Ваљекано.
Капацитетот на стадионот на самиот почеток на враќањето ќе биде ограничен на околу 60.000 седишта, сè додека работите не бидат целосно завршени следното лето, кога капацитетот ќе ги достигне планираните 105.000 седишта.
Вкупната вредност на овој проект за реновирање на „Камп Ноу“ е околу 1,5 милијарда евра.
МИА
Ново на Сител
-

Раде Трајковски Штекли осуден на осум години затвор
-

Повреден градежник додека извршувал работни задачи на автопатот Охрид-Кичево
-

Објавувала фотографии и навреди за сопругата на нејзиниот поранешен партнер - кривична за жена од гостиварско
-

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада, која го промени името и го лажеше народот
-

Иранците поканети на национален митинг за обнова на верноста кон иранскиот лидер
-

Тошковски – Сјаојан: Продлабочување на соработката и зајакнување на партнерството во областа на безбедноста
-

Силјановска-Давкова - Пармелан: Првата официјална посета на претседател на Швајцарија потврда за добриот развој на односите и силниот дијалог
-

Студентите во блокада за крајот на мај најавуваат голем митинг во Белград
