Поскапуваат дизел горивата

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,17 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 71, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 70 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС - 95 и понатаму ќе се продава за 73,5, а ЕУРОСУПЕР БС - 98 за 75,5 денари за литар.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,984 отсто, кај дизелот за 4,458, кај екстра лесното масло за 4,405 и кај мазутот за 3,47 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4692 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Војната во Иран и растот на цената на горивото ги загрозуваат плановите на европските авиокомпании за летната сезона
-

Путин на рускиот Совет за безбедност: Киев секој ден губи дел од својата територија, затоа се одлучи за тероризам
-

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-

Амбасадорот Сулстром идната недела низ Македонија, билатералната соработка и партнерството во фокусот
-

Златен медал за македонските кадети ракометари на Светското училишно првенство
-

Сребро за македонските кадетки – поразени во финалето од Хрватска
-

Иран го повика СБ на ОН да го принуди Израел да ги запре нападите врз Либан
-

Утрово најладно во Берово и Лазарополе, најтопло во Виница
