Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
Скопјани ќе плаќаат поскапо централно греење уште пред стартот на новата грејна сезона. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за корекција на цените на топлинската енергија, а новите тарифи ќе почнат да се применуваат од 1 август.
Најголемо зголемување ќе имаат домаќинствата кои се снабдуваат преку „ЕСМ Снабдување“, каде цената на топлинската енергија расте за 5,96 проценти.
Поскапување ќе има и кај останатите снабдувачи, но со пониски стапки. Корисниците на „ЕСМ Енергетика“, односно таканареченото железарско парно, ќе добијат зголемување од 5,18 проценти, додека кај „Скопје Север“ (ЕнергоЕколог) цената ќе биде повисока за 3,65 проценти.
Според пресметките на РКЕ, за просечен стан од 60 квадратни метри месечната сметка за греење ќе се зголеми за околу 140 денари.
Од регулаторното тело посочуваат дека и покрај новите цени, трошоците за централно греење во Македонија остануваат меѓу пониските во споредба со земјите од регионот.
Ново на Сител
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
-

Мицкоски: И понатаму ќе продолжиме да бидеме држава со најниска цена на бензините и на дизел горивото
-

Мицкоски: Македонија не е меѓу земјите со дополнителни американски царини, но тоа не значи дека тргува без царини
-

Мицкоски: Средствата позајмени од МНАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користат за отплата на кредит
-

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година
-

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер се очекува утре
