Поскапи горива од полноќ

Од полноќ поскапуваат горивата. Новите цени ќе бидат поскапи од два до два и пол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Еуросупер БС-95 поскапува за два денари, а малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на дизелот се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,846 ден/кг кој сега ќе се продава по цена од 50,814 ден/кг.
Единствено се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 ден/лит.
Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС -95 ќе биде 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе с епродава по цена од 89 денари/литар, а дизелот по цена од 92 денари/литар. Новата цена на Екстра лесно масло за домаќинство ќе биде 93,50 денари/литар.
Новите цени се зголемени во просек за 1,84% во однос на одлуката од минатиот понеделник.
Владата во саботата на вонредна седница донесе одлука до 1 јуни да продолжат мерките за ублажување на последиците од кризата на Блискиот Исток.
МИА
Ново на Сител
-

НБА: Филаделфија полуфиналист на Истокот
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
