Loading Video...
Фудбал
26. April 2021 - 14:44

Поразот на Атлетико ја зголемува неизвесноста за титулата во Ла Лига

По поразот на гостувањето во Билбабо кајАтлетик екипата на Атлетико Мадрид остана на првата позиција во шпанската Ла Лига но сега само со два бода повеќе во однос на конкурентите за титулата Реал Мадри и Барселона. 
 
Киксот на „јорганџиите“, но и на „Кралевите“ кои против бетис одиграа без голови 0:0, најмногу го искорсти Барселона, која по победата над Вилјареал со 2:1, сега е во позиција да избие на првото место на табелата. 
 
Имено каталонскиот тим има средба помалку од конкуренците и тоа против Гранада со која ќе игра во среда на домашен терен. 
 
Победа би ја одвела Барселона на првата позиција на тебалата со бод повеќе од Атлетико, односно два повеќе од Реал, во пресрет на завршните пет кола. 
 
Евентуален кикс на „големата тројка“ ќе очекува екипата на Севилја која има три, односно еден бод помалку од конкурентите.