Пораз на македонските ракометари на контролата со Хрватска

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва претрпе пораз во контролниот дуел со Хрватска (подмладен состав) во Пореч со 26:23 (14:11). Ова беше првиот подготвителен дуел за македонските ракометари за Европското првенство 2026.
По изедначениот почеток резултатот последен пат беше нерешен 7:7 во 15.минута, а потоа Хрватска направи серија од 5-1 и во 24.минута резултатот беше 12:8. На стартот од вториот дел противникот ги имаше и највисоките +5 (16:11), но избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја во последните десет минути да намалат и на еден негатива. Сепак Хрватска не дозволи изедначување на резултатот.
Најефикасен на дуелот беше Филип Кузмановски со 7 голови, додека најдобар играч на дуелот беше голманот на Хрватска Дино Славиќ со 15 одбрани.
Македонскиот национален тим уште два дена останува во Пореч каде ќе тренира, а по Нова година ќе следува нов собир и подготовки во Скопје. Од 8-10.јануари македонската репрезентација ќе учествува и на турнир во Швајцарија каде ќе одигра три натпревари пред заминувањето за Хернинг, Данска.
МИА
Ново на Сител
-

УХМР: Посвежо и нестабилно, до среда локално невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари
-

„Калинка“ – симбол на среќa и добивки до 700.000 денари!
-

Од полноќ поевтини горива
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
-

Скок на цените на природниот гас на европските берзи
-

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
-

Одбраната на Деко бара куќен притвор поради влошено здравје, дошол на судење со отворена рана
