Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје

Во Основниот граѓански суд Скопје објавени се повеќе известувања за презакажани и одложени рочишта за кои странките дополнително ќе добијат нови термини. Од Судот за МИА информираат дека станува збор за одложувања на предмети на тројца судии, кои со одлука на Судскиот совет се времено делегирани во други судови.
- Предметите на делегираните судии согласно опертивниот систем АКМИС по автоматска распределба веднаш се распределени кај судиите во соодветните Оддели каде работеле делегираните судии – информираат од Граѓанскиот суд Скопје.
Бидејќи, судиите кои ги добиле предметите од веќе сега делегираните судии, имале закажани рочишта и насрочени предмети по кои истите постапуваат, новораспределените предмети веднаш ги презакажале по писмен пат, за што има и соодветни известувања во просториите на судот.
Основниот граѓански суд – Скопје, ги негира наводите дека во овој суд се одлагаат рочиштата поради превенција за ширење на болеста COVID 12 (коронавирус), информираат од Одделението за односи
Воедно, Судот известува дека во одредени предмети каде постоеле можности да се одржат закажаните рочишта од делегираните судии, истите се одржани.
На огласните табли и на вратите од судниците низ Основниот граѓански суд Скопје закачени се повеќе известувања за распределени предмети од судијката Маја Грозданоска, како и дека закажаните рочишта во мај и јуни кај судијката Софче Китанова Проданов нема да се држат, а за новозакажани термини стрнаките ќе бидат дополнително известени.
МИА
Ново на Сител
-

Украинската морнарица тврди дека ја водела првата битка меѓу поморски дронови во историјата
-

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата
-

Сончево и посвежо, долж Повардарието повремено засилен ветер до над 50 км/час
-

Ѓорѓиевски: Скопје никогаш не било поубаво, центар на светот, забавата и дружењето
-

Во изминатото деноноќие уапсени девет лица за „безобѕирно управување со возило“
-

Мицкоски: Пензиите се 16 пати поголеми од времето на СДСМ, денес се живее подобро
-

Татко и неговиот 18-годишен син загинаа во тешка сообраќајка кај Миладиновци
-

Мицкоски: Растот на туризмот е индикатор дека политиките што ги водиме даваат резултат
