Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава

По руските напади врз возот од Киев за Варшава и врз украинскиот граничен регион со Полска, полската влада денеска ја обвини Москва за ескалација на конфликтот.
„Путин ескалира“, напиша министерот за надворешни работи Радослав Сикорски на Х. Премиерот Доналд Туск свика кризен тим за попладневните часови. Западните политичари кои патуваат за Киев се потпираат на железничката врска од Полска до Украина, бидејќи воздушниот простор на земјата е затворен.
Локомотива на патничкиот воз од Киев за Варшава денеска беше нападната на граничната станица Јаходин, според Украинските железници. Патниците биле евакуирани на време и никој не е повреден.
Полскиот железнички оператор ПКП соопшти дека го презел возот од украинска страна со доцнење од повеќе од шест часа и дека тој го продолжил патот кон Варшава.
Министерот за одбрана на Полска, Владислав Косињак-Камиш, изјави дека еден дрон удрил и во западна Украина на еден километар од границата со Полска, а друг на оддалеченост од пет километри. Полските борбени авиони Ф-16 (F-16) и извидувачки авион ја следеа ситуацијата, рече тој. Полскиот воздушен простор не беше повреден.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша дека нападите на Москва во близина на полско-украинската граница во Волинскиот регион запалиле локомотива и оштетиле бензинска пумпа.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха побара поостри последици за Москва. Руските напади врз полско-украинската граница не беа само продолжение на нападите врз државните граници на Украина, напиша тој на Х.
„Ова е теророт на Путин кој тропа директно на вратите на ЕУ и НАТО. Руските варвари се пред вашата порта, драги партнери“, рече тој.
Премиерот Туск за доцна попладнево свика кризен состанок на министрите во кабинетот и униформираните служби. „Овие настани ги сфаќаме исклучително сериозно“, напиша министерот за внатрешни работи Марчин Кјервињски на Х.
Министерството за одбрана во Москва ги потврди нападите врз железничката инфраструктура во западна Украина „која го олеснуваше транспортот на воена стока од европските земји“.
Украина се брани со западна помош повеќе од четири и пол години од руската инвазија. Руските напади често предизвикуваат смртни случаи и штети на железничкиот сообраќај и на станиците.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството на СДСМ и ДУИ ги штити криминалците
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
