Македонија
1. January 2022 - 16:49

Полн плоштад во Охрид за новогодишната ноќ

Под отворено небо со огномет над Охридското езеро и богата музичка програма на градскиот плоштад охриѓани и туристите ја дочекаа новата 2022 година. Забавата продолжи по угостителските објекти  каде за гостите се нудеше забава за сечиј вкус .Во полабава и поопушена атмосфера за разлика од лани граѓаните си посакаа крај на пандемијата, здравје и среќа во Новата година.

Градоначалникoт Пецаков на граѓаните им посака здравје и успех и најави дека најголемиот предзивик оваа година за локалната ќе биде здравствената и енергетската криза.

Инаку новогодушната ноќ во Охрид помина во мирна атмосфера без инциденти, нарушувања на јавниот ред и мир и без случени сообраќајни незгоди.Од Брзата помош пак велат дека интервенирале кај неколку лица во алкохолизирана состојба а во текот на ноќта имале и повици од граѓани со симптоми на Ковид.