Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит

МВР соопшти дека изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 19 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, поради возење под дејство на алкохол од слобода се лишени М.Р.(24) од скопско, Н.К.(23) од демирхисарско, Х.Т.(20) од Битола, Ф.А.(24) од Куманово, С.И.(33) од кумановско, З.Л.(49) од Свети Николе, Г.С.(45) од Делчево, Г.Ч.(48) од Кавадарци, 26-годишната К.Р. од Кавадарци и 34-годишната З.Б.П. од Велес.
Според МВР, осуммина управувале возило без положен возачки испит: С.В.(47) и М.Ј.(23), двајцата од Скопје, Б.И.(20) од с.Драчевица, скопско, Р.Т.(18) од Гевгелија, З.Х.(59) од с.Локвени, прилепско, А.Р.(34) од с.Горна Речица, тетовско и двајца 16-годишници од гостиварско.Додека пак, поради возење со активна забрана за управување моторно возило од слобода е лишен И.Б.(39) од Скопје.
-По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, наведува МВР.
Ново на Сител
-

Трамп: Русија со години ги напаѓа сојузниците на Украина
-

Пентагон објави нови документи за НЛО
-

Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
-

Ѓорѓиевски: БРТ e едно од повеќето функционални решенија зa градскиот сообраќај, над 520 паркинг места кај Клиничкиот центар
-

ОН документира сексуално насилство и тортура извршени од руските сили во Украина
-

ЦУК: Нема активни пожари, еден под контрола
-

Македонската кикбокс репрезентација опатува на Светското јуниорско првенство во Лидо, Италија
-

Почина Томче Филиповски, поранешен легендарен фудбалер на скопски Работнички
