Поларна светлина на небото над северна Белгија и Холандија

На небото над северна Белгија и Холандија две вечери по ред беше регистрирана Поларна светлина, предизвикана од сончевите бури кои ослободуваат наелектризирани честички што од Сонцето доаѓаат до Земјата.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на небото прекриено со розова светлина, за разлика од вообичаената зелена боја на Поларната светлина.
Експерти за телевизијата ВРТ објаснуваат дека бојата на Поларната светлина зависи од тоа колку длабоко наелектризираните честички продираат во земјината атмосфера. Дополнително, според нив, човечките очи се многу почувствителни на зелената светлина, па затоа почесто луѓето ја гледаат таа боја, отколку розовата.
Причина за појавата на оваа светлина е масивна експлозија на Сонцето од пред неколку дена, која предизвикала сончеви бури што создаваат наелектризирани честички кон стигнуваат до Земјата. Првите наелектризирани честички од Сонцето се судриле со земјината атмосфера во вторникот вечерта, создавајќи ја Поларната светлина.
Вообичаено оваа светлина се јавува на небото во рамки на Поларниот круг, но во последниве години ваквите светлосни појави се забележани и јужно од оваа замислена линија.
Активностите на Сонцето циклично го достигнуваат својот врв на секои 11 години и тие деновиве се во полн ек.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
