Македонија
7. November 2021 - 16:26

Подводниот локалитет „Врбник“ може да биде нова атракција

Подводниот локалитет Врбник во струшкиот дел на Охридското езеро може да биде нова туристичка атракција. Но според археолозите потребна е добра промоција и презентација пред домашната и меѓународната јавност. Станува збор за наколно наоѓалиште кое крие тајни од железно доба  како Заливот на коските кај Градиште кое доколку се доистражи и афрмира може да биде привлечно за посетителите .

Археолошките истражувања  на Врбник треба да ја  утврдат  точно хронолошката рамка за посотоењето на оваа населба.

Најраните сознанија датираат од 80-тите години на минатиот век кога локалното население (рибари) забележале дрвени колци вкопани на дното на езерото кои се протегале на поголема површина.

Врбник кој кај старите стружани е познат како Дримени изобилува со предмети од керамика глина,бронза и железо но и најразличен накит .

Дел е од листата на светски подводни локалитети од огромно значење поради својата големина и богатство со археолошки материјал.