Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане

Во Основниот суд во Куманово, во четврток, на 9 јули треба да започне судскиот процес против 25-годишниот Т.Б. од Старо Нагоричане, обвинет за повеќе кривични дела поврзани со убиства и обиди за убиство на жени на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, соопшти Јавното обвинителство.
Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, обвинетиот се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од Кривичниот законик. Обвинителството наведува дека, имајќи предвид дека со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.
Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди. Во периодот од јануари 2025 година до февруари 2026 година, обвинетиот наводно извршил повеќе напади врз жени, претежно повозрасни и немоќни лица кои живееле сами.
Обвинителството наведува дека првото убиство се случило ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце, каде жртва била повозрасна жена. Второто убиство, според обвинението, било извршено во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година во селото Драгоманце.
Во обвинението се опфатени и два обида за убиство. Едниот е регистриран на 22 јули 2025 година во селото Челопек, кога жената успеала да го спречи напаѓачот откако повикала помош, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, исто така во Челопек, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал.
Меѓу останатите дела што му се ставаат на товар се и убиствата на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година и на повозрасна жена во Челопек во февруари, истата година.
Предметот во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од ОЈО Куманово.
МИА
Ново на Сител
-

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие
-

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормуската Теснина
-

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите за ставање крај на конфликтот
-

Администрацијата на Трамп подготвува укинување на до 200 илјади туристички и деловни визи
-

Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
