Почнува 29. Светско првенство во ракомет

Со натпреварот Италија – Тунис, денеска од 17:30 часот во Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал.
Покрај Хрватска, ко-домаќини на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка.
На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација.
Состав на групите:
Група А (се игра во Хернинг, Данска): Германија, Полска, Чешка, Швајцарија.
Група Б (се игра во Хернинг): Данска, Италија, Тунис, Алжир.
Група Ц (се игра во Пореч): Австрија, Франција, Кувајт, Катар.
Група Д (Вараждин, Хрватска): Унгарија, Македонија, Холандија, Гвинеја.
Група Е (Осло, Норвешка): Португалија, САД, Норвешка, Бразил.
Група Ф (Осло): Шпанија, Чиле, Шведска, Јапонија.
Група Г (Загреб, Хрватска): Словенија, Куба, Исланд, Зеленортски Острови.
Група Х (Загреб): Египет, Аргентина, Хрватска, Бахреин.
Првите три најдобропласирани од секоја група ќе се пласираат во главната рунда.
Најголеми фаворити за медалите се олимписките и трикратните последователни светски шампиони Данците.
Нивни конкуренти ќе им бидат европските шампиони Французите, олимписките вицешампиони Германците, како и Швеѓаните, Хрватите, Норвежаните, Шпанците.
Титулата ја брани Данска која атакува на четвртиот наслов во низа.
Распоред на денешните натпревари:
17:30 часот Италија – Тунис
18 часот Франција – Катар
20:30 часот Австрија – Кувајт
20:30 часот Данска – Алжир.
Ново на Сител
-

МВР: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило
-

Монументална статуа на Меси тешка 70 тони
-

Фон дер Лајен по објавата на оставката на Кир: Благодарение на вас, безбедноста во Европа и Украина се зголеми
-

Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија
-

Цената на бензините се намалува 3,5 и 4 денари, на дизелот за 7 денари
-

Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
-

РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони
-

Мбапе за неговиот 100. настап за Франција: Ништо не е поважно од националниот тим
