Почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ

По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика.
Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на дневниот весник „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Работела и во политичките неделници „Форум“, во весникот „Дневник“ и во Радио „Слободна Македонија“.
Дел од тимот на новинската агенција МИА станува во 2014 година како новинар во внатрешно-политичката редакција и новинар-аналитичар.
Со нејзиното заминување, МИА и македонското новинарство загуби посветен професионалец, кој трајно ќе остане запаметен.
- Си замина нашата Ирена. Се боревме година и половина. Тешко, со болка, но и со надеж. Мала, но надеж. На крај, се предаде. Така, има години, месеци и денови кои се баш тешки. Овие се токму такви, напиша на Фејсбук директорот на МИА, Дарко Јаневски.
МИА изразува сочувство до семејството на нашата Ирена.
Погребот ќе биде утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот (капела во 10:30).
МИА
Ново на Сител
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
