Почина Миња Субота
Познатиот композитор, пејач, ТВ-водител и забавувач Милан – „Миња“ Субота почина на 83-годишна возраст, објави денеска Српската радио-телевизија.
Роден е во Сараево на 8 ноември 1938 година. Основното училиште, гимназија и високото образование (Електротехнички фкултет) ги завршил во Белград. Како композитор, Миња потпиша бројни хитови на популарна поп-музика и шансони, а како пејач сними повеќе плочи во поранешна Југославија и поранешниот СССР.
Неговите композиции се изведувани и наградувани на многу фестивали, како што се Белградска пролет, Мелодија на Јадранот, Загрепскиот фестивал на поп-музика и други. Како телевизиски автор, има удел во многу серии што останаа запаметени, како што е „Од глава до петици“.
Тој е автор и водител и на емисијата „Мјузик слајд“, која се емитуваше 18 години и уриваше рекорди во однос на гледаноста на телевизијата.
Миња шест години беше и уредник и водител на Фестивалот за детски песни во Белград, со што поттикна основање и на други детски фестивали во поранешна Југославија.
Ново на Сител
-

Најмалку пет загинати во израелски напади врз Либан, тројца од нив припадници на спасувачките служби
-

Пресуда за Штекли и уште четворицата обвинети во предмет за дрога
-

Законските измени за укинување на техничката влада на пленарна седница
-

Трамп: Кралот Чарлс Трети се согласува дека Иран не смее да поседува нуклеарно оружје
-

Регионален форум за управување со отпад - „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“
-

Зеленски: Украина ќе извезува оружје
-

Сончево време со мала до умерена облачност
-

Приведен 68-годишник кој три години силувал, снимал и се заканувал на малолетник
