-->
-->
Почина глумецот Бен Крос
-->
Британскиот глумец Хари Бернард „Бен“ Крос почина во Виена, Австрија, на 72-годишна возраст, по кусо боледување. Тажната вест ја соопшти неговата ќерка на Фејсбук.
„Ја споделувам оваа вест со скршено срце, дека мојот драг татко почина пред неколку часа. Тој беше болен веќе некое време, но неговото здравје се влоши последниве неколку недели“, напиша таа.
Крос е, можеби, најпознат по улогата на британскиот олимпиец Харолд Ејбрамс во оскаровскиот филм „Огнени кочии“ (Chariots of Fire). Тој е роден во Лондон, Англија, 1947 година. Дипломирал на Кралската академија за драмски уметности во Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
-

Продолжува трендот на зголемен интерес за стручните училишта
-

Прилеп започнува со решавање на хаосот на најкритичните крстосници
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
