Почина актерот Рајан О'Нил

Американскиот актер Рајан О‘Нил, една од најголемите филмски ѕвезди во 1970-тите, почина на 82 години, потврди неговиот син Патрик.
Причината за смртта не беше објавена, но познато е дека О‘Нил во минатото се лекуваше од хронична леукемија и рак на простата.
„Мојот татко беше холивудска легенда и точка. Тој отсекогаш беше мој херој“, изјави Патрик О‘Нил.
Рајан О‘Нил се занимавал со бокс пред да почне актерска кариера. Благодарение на добриот изглед, тој ги замени телевизиските сапуници со Холивуд, прославувајќи се во „Љубовна приказна“, еден од најпознатите романтични филмови на сите времиња.
Таму глумеше студент од Харвард кој се вљубува во девојка од работничка класа, која ја играше Али Мекгро. За оваа улога беше номиниран за Оскар и Златен глобус за најдобар актер.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
