Победникот на Светското клупско првенство ќе добие повеќе од 100 милиони долари

Првото Светско клупско првенство на ФИФА, со 32 екипи, кое ќе се игра во САД од 14 јуни, ќе има награден фонд од дури милијарда долари, а победникот ќе инкасира повеќе од 100 милиони долари, објавија организаторите.
Главни фаворити се секако европските екипи, пред се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн, но ќе имаат голема конкуренција од најдобрите јужноамерикански екипи Фламенго, Палмеирас, Флуминенсе, Бока Јуниорс и Ривер Плата.
Пласман на Светското првенство во фудбал обезбедија следните:
КОНКАКАФ: Монтереј, Леон, Пачука (Мексико), Сиетл, Интер Мајами (САД).
КОНМЕБОЛ: Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Бока Јуниорс, Ривер Плата.
УЕФА: Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Дортмунд, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, Ред Бул Салцбург.
АЗИЈА: Ал-Хилал, Урава Ред Дајмондс, Ал-Аин, Улсан.
АФРИКА: Ал-Ахли, Вајдад Казабланка, Есперанс, Мемелоди.
ОКЕАНИЈА: Окленд.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски најави почеток на градба на нов клинички центар на почетокот на идната година
-

Поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Беровски“
-

Психолошки лузни кај децата по разводот на родителите
-

Градот Струмица како инспирација на младите ликовни уметници
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
