Победа за Вардар од пенал во судиското надополнување

Фудбалерите на Вардар се вратија на првото место на табелата откако вечерва во последниот дуел од 11.коло на домашен терен го совладаа Силекс со 2:1. Победникот беше решен во судиското надополнување на вториот дел кога во шеснаесетникот на гостите играч на Силекс играше со рака, а по прегледаната ВАР снимка судијата Фатмир Бафто покажа на белата точка.
Сигурен реализатор на пеналот беше Мато во 100.та минута (90+10).
Инаку, Вардар поведе со одличниот гол на капитенот Азер Омерагиќ во 9.минута, а пет минути подоцна изедначи Алдин Хрвановиќ. Тоа беше и резултат по првиот дел. Во второто полувреме Вардар имаше шанси, но до промена на резултатот не дојде.
По едно недоразбирање голманот на Силекс Ључпе Џеков во 83.минута поради фаул надвор од шеснаесетникот доби црвен картон, а Вардар потоа со голот од пенал дојде до победата.
Во првиот денешен натпревар Брера – Шкендија 2:3.
Табела: Вардар 27 бодови, Струга 26, Шкендија 24, Силекс 21, Башкими 19, Брера 15, Македонија ЃП 14, Арсими 12, Тиквеш 9, Пелистер 8, Работнички 7, Шкупи 1.
МИА
Ново на Сител
-

САД и Иран постигнаа договор за крај на војната, нафтата падна под 84 долари
-

ЕУ го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на воените дејствија
-

„Јажето, луѓе!“: Манекенка загина при банџи скок во Бразил, инструктори го заборавиле безбедносното јаже | ВИДЕО
-

Трамп остро го критикуваше Нетанјаху по израелските напади во Бејрут
-

Украина и Молдавија отвораат преговори за членство во ЕУ, Црна Гора затвора нови поглавја
-

Четири пожари во Куманово за еден ден
-

Изгубил свест додека се капел, Македонец спасен од давење во Неи Пори | ФОТО
-

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово, изречени се 114 санкции, приведени се седум лица
