Loading Video...
Фудбал
13. November 2020 - 16:19

По првите победи МЗТ Скопје и Работнички насочени кон следните противници во АБА2 лигата

По почетните порази во воведното коло на првиот од трите турнирот во Златибор, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички брзо се рехабилитираа. 
 
Аеродромци славеа победа над Сутјеска со 92-83, додека Работнички со 76-70 го совлада составот на Подгорица. 
 
Во следната трета рунда Работнички утре ќе игра против Ловќен во мечот што ќе започне од 15 часот, термин во кој ден подоцна односно во недела ќе играат кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром кои за противник ќе ја има екипата на Широки.