По повод 35 години независност концерт „Најдоброто од Македонија“ во Скопје

Во Скопје вечер ќе се одржи голем музички спектакл по повод 35 години од независноста на државата. Музичкиот проект „Најдоброто од Македонија“ на платото пред Т-Арена („Борис Трајковски“), бесплатно за публиката ги носи Слаткаристика, Суперхикс, 2 Бона, Фанк Шуи и Дина Јашари. Организаторите најавуваат голема аудио-визуелна продукција и концертна атмосфера наменета за сите генерации. Концертот ќе почне во 20 часот.
По повод 35 години независност синоќа на плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа концерт на светски познатиот тенор Хозе Карерас и македонските музички ѕвезди Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана и Игор Дурловски, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Маја Оџаклиевска и Миле Кузмановски.
На 4 септември во главниот град ќе се одржи уште еден спектакл по повод 8 Септември - пристигнува караванот „Силно светнал ден“ кој патувањето низ Македонија ќе го заокружи на Плоштад Македонија со настап на повеќе од 120 артисти. И овој настан, како што е најавено, ќе почне во 20 часот. „Силно светнал ден“ преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
Караванот почна од Охрид, на 9 август и посети 11 градови низ државата, а дел од него се познати македонски изведувачи и актери.
Прославата по повод 35 години независност на Македонија ќе финишира на Денот на независноста, на 8 септември со настапот на светски понзатиот диџеј и продуцент на хаус музика, Давид Гета на стадионот „Тоше Проески“. Гета ќе настапи со неговата светска продукција „The Monolith Stadium Show“, најголемо шоу во Европа, па и во светски рамки од музички и од продукциски аспект.
МИА
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
