Македонија
18. December 2021 - 16:37

По двајца педијатри од Детската клиника во Скопје ќе ротираат на работа во Охрид

Двајца педијатри од скопската клиника ќе бидат пуштени на работа во педијатриското одделение во Охрид кое поради недостиг на овој кадар функционира само како амбулантна служба. Како што најави министерот за здравство, Филипче тие ќе бидат континуирано присутни се додека не се изнајде трајно решение за овој проблем со кој се соочуваат и останатите градови во земјава.

Од општата болница пак велат дека има недостиг на медицински кадар доктори и сестри, како во Охрид така и во Струга во повеќе области.

Инаку одделението за педијатрија во охридската болница функционира само како обична амбуланта со работно време од 8 до 20 часот. Поради недостиг на медицински персонал најмладите за хоспитализации се уште се препраќаат во болницата во Струга.