По ДСЗИ, сега и нова комисија ќе проверува зошто психијатар не ја прегледал родилката на ГАК
Наместо одговорност, сега и стручна комисија ќе го истражува случајот со 39-годишната родилка која пред 5 дена скокна од прозорец од скопска гинекологија.
Иако вчера здравствените инспектори утврдија пропусти во третманот на родилката, денеска од Здравство нема одговори дали и кој ќе превземе одговорност.
Наместо тоа, ден по извештајот на ДЗСИ, од министерството информираат дека на барање на министерот Меџити утрово е формирана комисија за стручен надзор, составена од двајца гинеколози, психијатар, клинички психолог и претставник од министерството.
Комисијата ќе има задача да изврши стручен надзор на скопска клиника во врска со лекарскиот третман на родилката, нешто што веќе го направи и Државниот санитарен и здравствен испекторат. Од здравство најавуваат и соодветни мерки по однос на извештајот на ДЗСИ, но засега нема одговор какви мерки ќе бидат превземени.
Здравствените инспектори вчера вината ја посочија кај дежурните лекари кои не инсистирале психијатар да ја прегледа родилката која била вознемирена а неколку часа подоцна скокна од прозорец.
Пропусти кај Клиниката за психијатрија не биле констатирани.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
