По 45-ти пат во Охридското Езеро утре ќе се плива традиционалниот Илинденски пливачки маратон
Повеќе од 60 пливачи од земјава и од странство ќе учествуваат на годинашниот Илинденски пливачки маратон што по 45-ти пат утре ќе се плива во водите на Охридското Езеро.
Пливачите на маратонот во должина од 2,5 километри ќе бидат поделени во две категории и тоа од 8 до 15 години и оние постари од 16 години, со старт од кај плажата Горица 1 во 10:30 за помладите и 11:30 часот за постарите пливачи.
Целта ќе биде на Кејот на Охридското Езеро кај Градското пристаниште во Охрид, а пристигнувањето на пливачите се очекува да биде околу половина час по стартот.
Маратонот се одржува во организација на Клубот за спортови на вода „Охридско бранови 2008“ под покровителство на Советот на Општина Охрид.
Инаку, Илинденскиот пливачки маратон на Охридското Езеро е третата трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
Ново на Сител
-

Годишниот извештај на Народниот правобранител пред матичната собраниска комисија
-

Трамп: Сите политички затвореници во Венецуела ќе бидат ослободени
-

Две лица загинаа во руски напад со дрон во родниот град на Зеленски, Кривји Рог
-

Амандманска расправа за Предлог Законот за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на битолскиот Универзитет
-

Променливо облачно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи
-

Притвор за 65-годишен раководител на образовен центар во Штип, допирал по телото малолетни ученички
-

Савевски: Предметот за мазутот не е рефиниран
-

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината
