Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП

Известителот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека тој секогаш бил достапен за сите политички актери во Србија, но дека нивниот став кон него зборува многу за „(не)постоењето“ политичка волја за одредени опции државата да комуницира со ЕП за сите отворени прашања важни за членството.
Во интервју објавено денес за Демостат, Пицула вели дека соработката со парламентот во Србија не е онаква каква што треба да биде и дека контактите – што се однесува до претставниците на владејачката коалиција во парламентот и претставниците на владата воопшто – се ретки, но не поради недостаток на интерес од негова страна.
„Претставниците на останатите владејачки опции не изразуваат желба за средба или само ми испраќаат нервозни пораки преку социјалните мрежи. Почесто се среќавам со претставници на парламентарната опозиција и други актери, најчесто во Брисел и Стразбур“, рече Пицула.
Според него, властите во Белград го игнорираат фактот дека конечната ратификација на пристапниот договор меѓу Србија и ЕУ мора да се случи во Европскиот парламент.
МИА
Ново на Сител
-

Даниела Димовска ја презеде функцијата претседател на Кривичниот суд
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува новата учебна година за околу 238.000 ученици
-

Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината
-

Стартува новата учебна година во Охрид
-

Во Прилеп се запишаа 510 првачиња, 5.600 ученици има во основното, а 2.800 во средното образование
-

Муцунски од Бледскиот форум: Време е ЕУ повторно да ја покаже политичката волја за проширување
-

Тема на денот со потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска
