Пет победи за македонските кикбоксери на Светскиот куп во Италија

Македонските кикбоксери имаа успешен настап на првиот ден од квалификациите на WAKO Italian Kickboxing World Cup 2026. Турнирот е еден од најпрестижните на календарот на WAKO – World Association of Kickboxing Organizations и се одржува од 10 до 15 март.
Во квалификациските борби победи извојуваа Мирко Василев, кој славеше против Челебиќ Перо од Австрија, Петре Велков против Хесгеми Захед од Швајцарија, како и Силвио Мировски кој беше подобар од Павиа Домингез Мидас од Швајцарија. Победи забележаа и Андреј Смилевски против Колинс Еван од Ирска и Калин Бабаски против Узaр Мухамед Фуркан од Турција.
Останатите македонски натпреварувачи Давид Атанасовски, Андриано Димисковски, Данило Методијевски, Радослав Велески, Иван Кукуновски и Максим Митровски ги загубија своите борби во квалификациите. Сепак, Давид Атанасовски и Радослав Велески успеаја да стигнат до бронзени медали на турнирот.




Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Падна Орбан, следен е Вучиќ па Мицкоски
-

Развојот на технологијата во голема мера ги заменува книгите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
